Ние сме специјализирани за гаражни врати
Нашата фирма е специјализирана за производство и монтажа на автоматски гаражни врати, изработени со врвен квалитет и внимание на деталите. Користиме германска електроника и мотори од реномирани производители, кои се докажани по својата издржливост, сигурност и перформанси.
Гарантираме долготрајна експлоатација и решенија кои ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност, функционалност и естетика.
За подобар изглед, висока ефикасност и лесно управување, одберете квалитетни гаражни врати со професионална монтажа. Рок за испорака и монтажа: 2–3 недели.
Монтираме индустриски роло гаражни врати со ВМД пешачки врати без столб помеѓу, со што не се губи од корисната ширина на влезот.
100% задоволство на клиентите
Професионално обучен тим
Годишни договори за одржување
Флексибилни и достапни решенија
Зошто нè избираат клиентите
Долгогодишно искуство, квалитетна изработка и сигурни решенија за автоматски и индустриски гаражни врати.
Тим од искусни инженери и техничари со долгогодишно искуство во производство и монтажа на гаражни врати за приватни и индустриски објекти.
Нудиме бесплатна проценка и стручна консултација, со јасна и транспарентна понуда без скриени трошоци.
Користиме проверени германски материјали, мотори и електроника, кои обезбедуваат долготрајност, сигурност и беспрекорна работа.